Потпишан Меморандум за поинтензивна соработка меѓу УКЛО и приватниот безбедносен сектор

Од:

Во Ректоратот на УКЛО денеска е потпишан Меморандум за соработка со Комората на РСМ за приватно обезбедување. Потписниците, ректорот проф. д-р Сашо Коруновски и претседателот на Комората, м-р Верица Милеска Стефановска нагласиле дека Меморандумот е во функција на воспоставување поинтензивна соработка.

Милеска Стефановска нагласила дека со потпишување на меморандумот за соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе отпочне плодна соработка меѓу приватниот безбедносен сектор и универзитетските единици, особено со Економскиот, Правниот, Факултетот за туризам и угостителство, но и ќе се продлабочи успешната соработка со Факултетот за безбедност и секако и со другите единици, со сите нивни научно – истражувачки потенцијали, стручни и едукативни активности, преку трансфер на знаења и практики, се разбира во насока на унапредување на дејноста приватно обезбедување.

– Што е најважно, силно верувам дека со денешното потпишување на Меморандумот за соработка многу поуспешно ќе ја следиме безбедносната динамика, современите безбедносни закани, но и економски предизвици кои во услови на актуелната здравствена криза силно се чувствуваат во сите сфери на живеење во нашето општество, истакнала претседателот на Комората, м-р Верица Милеска Стефановска.

За ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски, како што стои во соопштението од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, потпишувањето на Меморандумот отвора ново поглавје во заедничката соработка.

– Интензивните контакти со Факултетот за безбедност претставуваа иницијален елемент за воспставување соработка, а иднината е во глобалната соработка. Низ таква перспектива, целиот наш потенцијал ќе биде на располагање и на Комората и секако, вашиот потенцијал ќе биде достапен и за нашиот Универзитет, бидејќи синергијата меѓу Универзитетот и бизнисот не е еднонасочна. Нашата визија е дека она образование коешто се остварува кај нас е образование дизајнирано од вас и од нас. Особено при обуки и проекти во кои влегуваме како партнери. Целосно се посветуваме заеднички да делуваме и да бидеме партнери, а нашите студенти да го видат бенефитот и да бидат дел од вашите развојни планови, вели Коруновски.

Покрај размена на научни и стручни мислења од областа на приватното обезбедување со договорот се овозможува унапредување во образованието и оспособувањето на кадри од областа на приватното обезбедување.

УКЛО преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење со Комората ќе подготовува заеднички програми за научно-стручно оспособување и усовршување на кадрите од областа на приватнотот обезбедување, како и учество во заеднички проекти, анализи и проценки во областа на приватното обезбедување.

На официјализирањето на соработката меѓу УКЛО и Комората на РСМ за приватно обезбедување присуствувале и проректорите на Универзитетот: проф. д-р Гордана Трајковска, проф. д-р Љупче Кочоски и проф. д-р Марјан Ѓуровски и повеќе членови од Комората.

– За Комората озваничувањето на соработката со УКЛО како важен дел од академската и научна јавност има дополнително значење и своевидна симболика, бидејќи се остварува на 21-годишнина од постоењето и работата на оваа установа што е непосреден учесник во градењето поволен безбедноен амбиент во нашата држава, се наведува во соопштението од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Би можело да ве интересира

Проректор Ѓуровски: Високото образование да создава кадар кој потребен на бизнисот за отворање на нови работни места

Ана Ололовска

УКЛО потпиша договор за соработка со Криминалистичко-полицискиот Универзитет од Белград

Жарко Настоски

ЦУК и академската заедница почнуваат интензивна соработка

Ана Ололовска

Директорот на Агенцијата за национална безбедност Димовски ќе предава пред студентите на Факултетот за безбедност-Скопје

Ана Ололовска

Еразмус + форум во организација на УКЛО и Националната агенција за образовни програми и мобилност

Ана Ололовска

Битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ го одбележа патрониот празник

Катерина Ѓуровски