А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пропаднаа преговорите на власта и опозицијата, нема договор за законот за ЈО

by А1он11/09/2019 - 07:1511/09/2019 - 08:31987
Share0

По повеќе од 7 часа, доцна во ноќта пропаднаа преговорите на власта и опозицијата, а со тоа и договорот за закон за јавно обинителство со кој ќе се овозможи продолжување на работата на СЈО како и статусот на специјалните обвинители.

Добивај вести на вибер

Како што се дознава, на маса била понудата за две обвинителства, од кои едното ќе биде ново и ќе гони висока корупција сторена од сите функционери. Предлогот бил шефот на ова обвинителство да го предлага опозицијата но тоа било одбиено од ВМРО-ДПМНЕ. За нив не било прифатливо ова ново обинителство да ги гони корумпираните функционери во иднина, односно само по неговото формирање.

-Нивната единствена цел беше уништување на сите предмети од СЈО до 30 јуни, а тоа сакаа да го постигнат преку тоа што нивни обвинител би ги преземал сите предметите за да подоцна ги затвори и уништи. А, предметите после 30 јуни бараа да се затвореле со закон, брифираат од преговарачкиот тим на власта.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на својот фејсбук профил напиша дека договор можеби ќе се постигнел доколку премиерот Заев прифател решение за висока корупција во кое друг професионален обвинител, освен Вилма Русковска, би имал увид во предметот „Рекет“.

Според Милошоски тоа остава сомнеж дека хиерархијата на соучесници и организатори во „Рекет“, како што пишува тој, е многу повисоко во власта.

По неуспешната и долга средба од преговарачкиот тим на власта брифираа дека со преземање на предметите од страна на ЈО целосно е обезбедена иднината на сите предмети на СЈО со цел тие да имаат своја разрешница во системот на јавното обвинителство и судството. Сите предмети, сите истраги и предистраги продолжуваат во целосна независна надлежност на државното јавно обвинителство, брифираа од преговарачкиот тим на власта.

Според нив, шефот на јавното обвинителство ќе одреди, согласно законските овластувања кој јавен обвинител ќе го продолжи секој од предметите. Со ова велат, судбината на случаите ќе се решава во јавното обвинителство и во судството, а не на преговарачка маса меѓу политичките партии.

hristijan mickoskiliderska sredbasdsm zoran zaevsjo

Би можело да ве интересира

Антимон од рудник во кривопланечко ќе се извезува во САД, најави премиерот

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 12:51

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги информиравме сојузниците во НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од опозицијата на протестот на студентите

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 12:3507/04/2026 - 14:37

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

Катерина Ѓуровски02/04/2026 - 13:51

Мицкоски: Македонија е отворена за инвестиции и партнерства, нуди поволни услови и квалификувана работна сила

А1он30/03/2026 - 17:33

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 15:42

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е со убедливо водство пред останатите политички партии

А1он28/03/2026 - 12:3028/03/2026 - 12:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто