Пронајдено е телото на жената што се фрли во Вардар

Од:

Полициски специјалци денеска нешто по 12 часот го пронашле телото на жената кој на 31. декември во центарот на Велес се фрли во Вардар. Телото е пронајдено во близина на мостот кај селото Кочилари информира Центарот за управување со кризи.

– Регионалниот ЦУК Велес информира дека од Полицијата – СВР Велес добиле информација дека во 12.20 часот денеска, на 02.01.2023 годин во близина на мостот кај с.Кочилари од страна на полициските специјалци од МВР е пронајдено телото на женското лицето кое на 31.12.2022 година (половина час по полноќ) се фрли во водите на р. Вардар од Мало Мовче во централното градско подрачје во Велес се наведува во соопштението од ЦУК.

Телото е извлечено на брегот на реката и се чека екипа од СВР Велес за увид на лице место. Потоа, следи процедура за потврда на состојба од лекар и од јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

18 години затвор за пијаниот возач кој уби 11-годишно девојче на пешачки во Велес

Анита Петровска Рајковиќ

Велешанец изгоре во пожар во сопствената куќа

Пијан уби девојче на пешачки во Велес, обвинет е – Да одговараат и оние кои со денови го криеле, бара адвокатот

Ја ранил невенчаната сопруга, па се самоубил

Потврдена слободата на велешанката Пале, која го усмрти насилниот партнер додека ја давел

Кристијан Ландов

Уапсен крадец во Велес

Горан Наумовски