Пронајдени стари монети, приведено едно лице на Граничен премин Табановце

Од:

Денеска во 00.25 часот по полноќ полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода 53-годишниот З.Т. од Скопје, извести МВР.

– При пасошка контрола било констатирано дека евидира на стоп листа од Регионалниот центар за гранични работи Југ, по што, со судска наредба, во содејство со царински службеници бил извршен преглед во возилото „мерцедес“ со холандски национални ознаки, кое го управувал. Притоа, во возилото биле пронајдени и одземени 23 различни стари монети и 11.800 евра, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари