Пронајдени шест мигранти од Пакистан во „мерцедес“ кај клучката „Демир Капија“

Од:

Полицијата пронашла шест мигранти од Пакистан во патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки вчера околу 04,30 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, кај клучката „Демир Капија“.

МВР денеска соопшти дека од страна на полициски службеници, бил даден знак за запирање на „мерцедесот“ при што возачот продолжил со движење. По преземени мерки, возилото било запрено, а возачот се дал во бегство, а во возилото биле пронајдени мигрантите.

За настанот бил запознат Јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод