Пронајдени околу половина килограм хероин, 100 грама кокаин во Тетово, приведен дилер

Од:

Пронајдени се околу половина килограм хероин и 100 грама кокаин во Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за НТ со дрога, оружје и опасни материи во соработка со СВР Тетово денеска (13 април) околу 15 часот и 15 минути го лишиле од слобода 59-годишниот тетовец Н.М., затоа што при претрес извршен во неговиот дом со судска наредба на улица “Железничка” во Тетово биле пронајдени околу 500 грама хероин,околу 100 грама кокаин, 19 ампули метадон, поголема сума девизи и други предмети.

Сето пронајдено е фотодокументирано и одземено за вештачење, а Н.М. задржан е во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога