Пронајдени гранати од Втората светска војна

Од:

Повеќе парчиња неескплодирани гранати биле пронајдени вчера во 14:45 часот во близина на Железничката станица во Куманово, соопшти денеска Регионалниот Центар за управување со кризи(РЦУК).

По информација од полицијата, на местото на настанот веднаш излегле екипи на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пиротехничарот од Дирекцијата за заштита и спасување Куманово, Гоце Илиќ, информираше дека станува збор за парчиња од Втората светска војна.

-Теренот е исчистен, бојните средства однесени се на безбедно место. На локацијата биле пронајдени 18 гранати за минофрлач 60 мм, 4 гранати за топ 75 мм, 2 куршуми против авиони  20 мм, дел од граната ЗИС, запалки од гранати 8 и испукани чаури, истакна Илиќ и додаде дека ова е прв пат по подолг период како е пронајдена поголема количина на неескплодирани средства.

Тој информираше дека на местото на настанот, работници од градежна компанија вршеле ископ и дека во близина биле пронајдени и два речиси целосно уништени од времето, кородирани сандуци, каде што веројатно биле складирани парчињата.

Би можело да ве интересира

Комеморација за Денот на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна

Ана Ололовска

Во Вевчани пронајдена рачна бомба од Втора Светска Војна

Пронајдени гранати од Втората светска војна

Емир Латифовиќ

Одбележани 74 години од првата жртва во Македонија во Втората светска војна

Ана Ололовска

Македонија им оддаде почит на жртвите во Матхаузен

Ана Ололовска

Одбележани 70 години од Првата конференција на АФЖ на Македонија

Ана Ололовска