Пронајдени 43 мигранти од Сирија, Пакистан и Авганистан во камион, штипјанецот кој ги превезувал пробал да избега

Од:

Штипјанец кој превезувал мигранти се обидел да и избега на полицијата, која пак, го стопирала за да му изврши контрола. Од МВР велат дека по кратко време, полициски патроли успеале да го застанат возилото, а возачот кој се обидел да избега трчајќи, го уапсиле.

„На регионалниот пат Свети Николе – Куманово, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, но возилото не застанало. По кусо време возилото сопрело и возачот почнал да бега, но веднаш бил фатен од полициските службеници. Станува збор за М.Ј.(28) од Штип, кој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, затоа што при преглед во возилото биле пронајдени 43 мигранти, меѓу кои имало и деца, и тоа од Сирија, Пакистан и Авганистан“, велат од МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба мигрантите се сместени во Транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија, а против М.Ј ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски