Пронајдени 15 парчиња неексплодирани убојни средства и мини во североисточниот регион

Од:

Од почетокот на годинава на подрачјето на североисточниот регион надлежните од подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување пронашле петнаесет парчиња неексплодирани убојни средства и мини.

Најголем број од парчињата – 7 се пронајдени на територијата на општина Куманово, најчесто во селата. По три парчиња пронајдени се на подрачјата на општините Липково и Кратово. На подрачјето на Старо Нагоричане,годинава пак пронајдени се два парчиња.

– Најчесто,жителите наоѓаат неексплодирани рачни гранати и бомби кои се скриени во старите згради на подрачјето на руралните места.Во Липково,последнава година пронајдени се парчиња од воениот конфликт од 2001, претежно неескплодирани гранати и рачни бомби, додека во останатите општини кои ги покрива подрачното одделение на Дирекцијата, се наоѓаат парчиња од втората светска војна. Во Крива Паланка пак најчесто се наоѓаат парчиња од првата светска војна, информира Гоце Илиќ,пиротехничар со речиси 30-годишно искуство,од подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување.

Граѓаните коишто пронаоѓаат, за нив непознати парчиња, вели Илиќ, веднаш треба да јават на бесплатните телефонски броеви 192 или 195 и не треба да приоѓаат кон местото. Веднаш се излегува на местото и се утврдува за каква направа станува збор,објаснува пиротехничарот Илиќ.

Пронајдените парчиња претходните години се уништуваа кај Зебрњак,а последниве години на полигонот во Криволак каде се уништуваат заедно со пронајдените неексплодирани парчиња од останатите региони на државата.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Новата бугарска влада повеќе нема да и испорачува оружје на Украина

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово