Пронајдени 10 мигранти од Сирија во возило на автопатот Куманово – Крива Паланка

Од:

Полициски службеници утрово на автопатот Куманово – Крива Паланка во возило со скопски регистарски ознаки пронајдени 10 мигранти од Сирија.

– Утрово на наплатна станица Романовце на автопатот Куманово- Крива Паланка, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај дале знак за запирање на возило „рено“ со скопски регистарски ознаки. Возилото продолжило со движење, по што во близина на клучка за Крива Паланка возачот го запрел возилото и го напуштил местото. При преглед во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија – информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

(ВИДЕО) Катастрофа во Сеута: Најмалку 18 мигранти загинаа

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската