Пронајдена исчезнатата 66-годишна кумановка

Од:

Полицијата и семејството ја пронајдоа 66-годишната Јагода Серафимовска од Куманово во околината на село Режановце, соопштија членови на семејството, кои претходно побараа помош од граѓаните за пронаоѓање на жената.

Жената е во добра здравствена состојба и веднаш е сместена во Домот за стари лица „Зафир Сајто“, каде била згрижена.

Серафимовска се водеше за исчезната од вчера изутрина, кога заминала од Домот за стари лица каде што е згрижена. Во нејзината потрага се вклучи СВР Куманово, но и персоналот на Домот за стари лица и волонтерите од Црвениот Крст.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски