Пронајдена дрога, приведени тројца дилери во Битола

Од:

Пронајдена е дрога и приведени се тројца дилери во Битола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 24.06.2022 на ул.„Тодор Скаловски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Г.К.(32), С.Г.(43), двајцата од Битола и Х.М.(33) од Саудиска Арабија затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и други предмети.

Истиот ден од страна на полициски службеници при СВР Битола извршен е претрес во домот на Г. К на ул. “Партизанска” во Битола при што пронајдени и одземени се грутчеста материја, прашкаста материја, растителна материја, 18 семки, дробилка, ризли и др. предмети. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват