Пронајдена дрога и ножеви во локали во Скопје, приведени седуммина

Од:

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција-СВР Скопје при Бирото за јавна безбедност викендов постапувајќи по претходно изготвен план на БЈБ за контрола на угостителски објекти во Скопје, извршија контроли во 18 угостителски објекти, информира МВР.

– При тоа приведени се три лица, кај кои е пронајдена прашкаста материја и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по член 215 од КЗ. Четири лица се приведени затоа што кај нив биле пронајдени ножеви и против нив ќе бидат поднесени пријави по член 80 од Законот за оружје. Ваквите контроли продолжуваат и во наредниот период, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски