Пронајден пушкомитралез кај 20-годишно момче во Скопје, судот му определи 30 дена притвор

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

Имено, при извршен претрес во домот на осомничениот од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, кај лицето бил пронајден еден пушкомитралез „Degtyarev Type 56 RPD“ со калибар 7,62X39 мм од кинеско производство. Станува збор за оружје наменето за испалување муниција поставена во реденик, со автоматски режим, односно оружје кое им е забрането на граѓаните и за кое извршената анализа покажала дека исправно функционира.

Со оглед на околностите кои го оправдуваат стравот од опасност за бегство, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати ваквиот предлог и на осомничениот со Решение му определи притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Обвинителството започна истрага против сопственичка на салон за убавина и нејзини соработници кои шверцуваа филери и средства за слабеење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за маж од Скопје кој три години силуваше малолетно дете и го снимаше

Горан Наумовски

Истрага на Обвинителство за судски полицаец и доставувач за „примање награда за противзаконито влијание“

А1он