Вчера во 17 часот во СВР Куманово, С.З. пријавил дека во нива во место викано „Ново Куманово“, атар на с.Речица, кумановско, пронашол починато машко лице мигрант.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
По наредба на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција, соопшти полицијата.