„Промовирање на социјалниот дијалог“ – проект финанисран од ЕУ

Од:

Поддршка на социјалниот дијалог меѓу Владата, работодавачите  и синдикалните организации е целта на проектот насловен „Промовирање на социјалниот дијалог“ што денеска во Скопје ќе го промовира Делегацијата на ЕУ во Македонија.

На промоцијата на проектната активност, меѓу другите ќе се обратат шефот на Делегацијата на ЕУ, евроамбасадорот Аиво Орав, постојаниот координатор на ОН Луиса Винтон и Антонио Грациоси директор на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа (ILO).

Проектот вреден околу 1,4 милиони евра, е финансиран од ЕУ преку ИПА компонентата за развој на човечки ресурси 2007-2013 година, a ќе се имплементира во период од 24 месеци.

Би можело да ве интересира

Пирц-Мусар: Проширувањето на ЕУ сѐ уште се одвива пребавно, Словенија поддржува гласање со квалификувано мнозинство

Албанија влегува во ЕУ до 2030 година? Договорот за пристапување би можел да биде потпишан во 2028 година

Песков: Русија нема да реагира на ултиматуми, туку ќе ги штити своите интереси

Романија го поддржува новиот кредит на ЕУ за Украина, Дан не верува дека Русија сака мир

Захарова: Помалку пари за Европејците, милијарди за Киев

Чупиќ: Европските вредности треба да ги прифатиме заради граѓаните, а не поради Брисел