Промовирана „Почетната студија за домување на Ромите“ во Прилеп

Од:

Во Прилеп денеска беше промовирана „Почетната студија за домување на Ромите“ во рамки на проектот „Правата на домување кај Ромите за одржлив урбан развој“ на ЕУ, а го имплементираат „Хабитат Македонија“ и демократскиот национален институт во соработка со невладината организација од Прилеп „РОМА Ц.О.Ц“.

Според Александра Савевска од „Хабитат Македонија“ за потребите на студијата се анкетирани 600 семејства во прилепската населба „Тризла“, каде главно живее ромското население и се детектирани проблемите, но и решенијата на локалната заедница.

– Главно, проблемите се во урбанистичките планови, зашто 15 насто од населбата не е вклопена, рече Салиоска. Во куќите има влага, особено во оние кај каналот на Дабничка река и затоа, според неа, е потребна регулација на реката. Во оваа област најголем проблем има со електричната енергија, нема доволно улично осветлување, не е регулиран сообраќајот…

– Целта е да се мобилизира локалното население да се решаваат проблемите, но и локалната самоуправа и институциите. Најголем исчекор е направен со легализацијата на домовите. 47 насто од анкетираните се изјасниле дека го направиле тоа, 12 насто не ја почнале постапката, а три насто дека немаат домови, вели Савовска.

Несиме Салиоска од невладината организација „Рома С.О.С“ истакна дека во студијата се посочени и решенија.

– Предлагаме да се „дегетоизира населбата Тризла“, да се реконструира и да се доуреди обиколниот канал на Дабничка река, да се постават контејнери низ населбата, да се регулира уличното осветлување, да се постави ограда за заштита на речното корито на Дабничка река, рече Салиоска.

Според градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески со години се вложуваат милиони евра за проекти за подобрување на животот во населбата Тризла.

– Одлична е соработка на локалната самоуправа со „Хабитат Македонија“ за проектот за легализацијата на дивоизградени објекти особено во ромската населба Тризла, има инвестиции во образованието, инфраструктурата, канализацијата, тротоарите, за нова спортска сала, за терените со вештачка трева, со реконструкцијата на ОУ „Добре Јованоски“, како и инвестиции во градинката „Тризла“. Потребно е да се размислува за урбанизација на посочената периферна населба „Три багреми“ и секако во вложувањето во домувањето во населбата, рече Ристески.

Проектот „Правата на домување кај Ромите за одржлив урбан развој“ е финансиран од Европската Унија, а е имплементиран од „Хабитат Македонија“ во соработка со граѓанските организации РОМА С.О.С од Прилеп, Черења од Штип и Сумнал од Скопје. Вакви почетни студии се изготвени во штип и Чаир, Скопје.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он