Промовиран кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид Никола Бакрачески

Од:

Предизвиците со кои денес се соочува Охрид се реални, сериозни. Некои од нив не можат да бидат надминати лесно и во краток временски период. Но кога се работи за новиот Охрид, верувајте сите тие ќе бидат надминати. Тоа вечерва на партиската конвенција на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид го порача Никола Бакрачески, канидидатот на партијата за иден градоначалник.

Тој пред собраните во Големата сала на Центарот за култура во Охрид изрази подготвеност да го заложи сето свое знаење и искуство, својата посветеност и љубов кон градот и да застане на чело на промените.

– Влегувам во оваа трка за Охрид со чисти раце, чист образ, без ниту една дамка во својата кариера и минато. Горд сум и исправен на сето она што го направивме не само за Охрид и целата држава. Изградивме институција за почит, која ги сервисира сите свои обврски кон добавувачите, ги врати сите долгови, за разлика од начинот на кој работи локалната гарнитура во заминувања, истакна Бакрачески кој изминатите години беше директор на Заводот за кардиоваскуларни болести „Св. Стефан“ во Охрид.

Тој нагласи дека истите тие принципи и постулати видливи од досегашното негово работење и професионален ангажман, е подготвен со уште пожестоко темпо и несмален интензитет да ги заложи во насока на враќањето на угледот и сјајот што Охрид го заслужува.

– Привилегијата да се одлучува и да се управува со Охрид им припаѓа на сите граѓани на Охрид. Одлуките од круцијална важност за функцинирањето на градот ќе се донесуваат во отворени и транспарентни постапки, во кои ќе учествувате сите вие. Основен водич и двигател на идната нова локална самоуправа ќе биде хоризонталната поврзаност на сите поединци, нејзини тела и органи, преку комуникација, соработка и координација. Тоа е е единствениот начин и единствен постулат за успех во современите општества, рече Бакрачески.

Притоа нагласи дека негова прва и основна задача ќе биде градењето цврст тим, составен од чесни и неизвалкани луѓе, од екстремни професионалнци, луѓе кои имаат спој на знаење и искуства, кои знаат да определат приоритети, кои знаат да постават цели и цврсто и бескомпромисно да се водат по патот кон нивна реализација.

Бакрачески најави дека во изборите ќе влезе со најобемна и најквалитетна програма досега направена за Охрид, со утврдени приоритети – економски раст и развој на општината, креирање нови работни места, унапредување на туризмот и културата и меѓународната соработка на градот, програма во која ќе може да се принајде секој од жителите на градот.

На Конвенцијата во Охрид присустуваше и делегација на Централното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од министерот за информатичко општество Иво Ивановски, реководството на Општинскиот комитет, како и членство и симпатизери на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

А1он

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Дафина Стојановска: Народот доаѓа по она што Али и Груби му го одзедоа

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ