Промоција на „Сведоштва од претседателскиот кабинет: моќта на трпението“ од Дарко Костадиновски

Од:

Мемоарско-монографското издание „Сведоштва од претседателскиот кабинет: моќта на трпението“ од Дарко Костадиновски вечер ќе биде промовирано во хотел „Хилтон“ во Скопје. Книгата е објавена на македонски и на англиски јазик.

На промоцијата ќе се обратат авторот Дарко Костадиновски, францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, Есер Џевахир, како и Оливера Живковска Никчевиќ од Култура АД Скопје.

Д-р Дарко Костадиновски е роден на 27.11.1974 година во Скопје. Дипломира на Правниот Факултет Јустинијан Први во Скопје 1997 година. Во 2008 година станува Магистер на правни науки, а во 2012 година и Доктор на правни науки.

Од 2001 до јануари 2018, работи во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија. До 2010 година работи како асистент на советникот за надворешна политика, и Раководител на одделението за ЕУ и НАТО. Од 2010 до 2018 е државен советник за надворешна политика. Од 2015 до јануари 2018, ја извршува должноста Пратеник на Република Македонија во Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации.

На 11.01.2018 кога е избран за судија на Уставниот суд на Република Македонија. Има земено учество на бројни меѓународни и регионални Самити, Конференции и Форуми од областа на меѓународното право особено во рамките на Обединетите нации и Советот на Европа, како и дипломатска академија и обука во рамките на “World learning”, во САД.

Автор е на книгите: „Меѓународна арбитража” 2008 година, „Меѓународниот суд на правдата – неопходност од реформи и промени (Советодавните мислења и нивните импликации)” 2015 година.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on