Промоција на „Сообраќаен буквар 2“

Од:

Министрите за внатрешни работи и за образование и наука, Гордана Јанкулоска и Спиро Ристовски, денеска, во скопското Основно училиште „Стив Наумов“ ќе присуствуваат на промоцијата на „Сообраќаен буквар 2“ – ДВД издание за децата од прво одделение и од подготвителните предучилишни групи во градиниките на територијата на цела држава.

На промоцијата на која што е предвидено министерката Јанкулоска да има свое обраќање ќе присуствуваат и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Никола Ангеловски и градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски.

ДВД изданието „Сообраќаен буквар 2“ се состои од десет филмски стории во кои се опфатени различни теми и ситуации во сообраќајот.

Промоцијата е дел од традиционалната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, МВР, МОН, МТСП и општините во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол