Промоција на родово одговорни политики во ЈИЕ и Молдавија

Од:

Организацијата на ОН за жени (UN WOMEN) денеска организира официјално одбележување на почетокот на имплементацијата на локалната компонента во рамки на регионалниот проект „Промоција на родово одговорни политики во југоисточна Европа и Република Молдавија“.

dobivaj vesti na viber

Проектот претставува продолжение на досегашните напори и постигнувања на полето на вклучување на родовата перспектива во креирањето на политиките и буџетите и има за цел да придонесе кон имплементација на националните и меѓународни обврски за остварување на родова еднаквост. Ќе се реализира со финансиска поддршка на Австриската развојна соработка и Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Имајќи ги предвид значајните чекори кои земјата ги направи во насока воведување на родово одговорното буџетирање, локалната компонента предвидува соработка со единиците на локална самоуправа со цел пристапите и постигнувањата кои во изминативе години беа направени на централно ниво успешно да се пренесат и на локално ниво.

Заедно со Министерството за труд и социјална политика, десет општини ќе земат учество како проектни партнери на UN Women и во следните три години (2013-2016) ќе работат на зајакнување на локалните механизми и капацитети за имплементација на локалните и национални стратешки документи во областа на родовата еднаквост и родово одговорното буџетирање, како што се Законот за еднакви можности на жените и мажите, Стратегијата за воведување родово одговорно буџетирање (2012-2017), Стратегијата за родова еднаквост (2013-2020) и локалните стратегии и акциски планови за родова еднаквост.

Настанот има за цел да ги претстави досегашните искуства и добри практики во земјата, како и да даде осврт на идните чекори за вклучување на родово одговорното буџетирање на сите нивоа на градење на политиките и буџетите.

Воедно на настанот ќе бидат потпишани и меморандуми за разбирање помеѓу десетте пилот општини Град Скопје, Општина Битола, Општина Тетово, Општина Струмица, Општина Аеродром, Општина Ѓорче Петров, Општина Боговиње, Општина Маврово-Ростуше, Општина Штип и Општина Свети Николе и UN Women.

Би можело да ве интересира

Ди Карло: ОН го поддржуваат територијалниот интегритет на Украина

Ана Ололовска

ОН: Австралија ги прекрши човековите права на домородно островско население

Ана Ололовска

Денеска почнува генералната дебата на ГС на ОН

Ана Ололовска

Гутереш: Образованието во светот е во голема криза, треба да се издвојат повеќе средства

Ана Ололовска

Вучиќ побара од Русија и Кина да го блокираат приемот на Косово во Обединетите Нации

А1он

Гутереш од 77-то Генерално собрание на ОН повика на „солидарност и соработка пред предизвиците на светот во ризик“

Ана Ололовска