Промоција на монографија за доајени на Медицинскиот факултет во Скопје

Од:

Во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје денеска ќе биде промовирана монографијата „Македонски доајени кои биле избрани во доценти на Медицинскиот факултет во Скопје од 1955-60 г.“.

Монографијата е објавена по повод прославата и одбележувањето 75 години од формирањето на Медицинскиот факултет, 17 март 1947.

Публикацијата ја подготви проф. Дончо Донев кој повеќе од пет децении е учесник и сведок на активностите и развојот на Медицинскиот факултет каде што студирал, а подоцна станал и редовен професор.

-Оваа втора јубилејна монографија во издание на Медицинскиот факултет во Скопје, овојпат посебно ги чествува 24-те македонски великани на медицината кои биле избрани во доценти од 1955-60 г., и кои дале огромен придонес во иницијалниот развој и подем на Факултетот, во педесетите години на минатиот век, како и понатаму во развојот на медицината во земјава. Покрај петнаесеттемина наставници од Македонија, како помош од останатите краеви на тогашна Југославија пристигнале и 12 наставници од Србија, 11 од Хрватска, и уште неколкумина од други земји од Европа, вкупно околу 40, кои придонесле за основањето и иницијалниот развој на Медицинскиот факултет во Скопје во првите 10-ина години по неговото формирање. Од 1955-60 наставниот кадар се зајакнал со изборот на 24 доценти кои придонеле за брзиот подем на Факултетот во 1960-те и потоа, се наведува во најавата за промоцијата.

Би можело да ве интересира

Филипче на средба со најдобрите студенти на Медицински факултет

А1он

Вработените на Медицинскиот факултет при УКИМ ќе добијат за пет отсто поголеми плати