Промоција на Кодексот за судиска етика на судиите

Од:

Кодексот за судиска етика на судиите во Република Македонија денеска ќе биде презентиран во Скопје, во организацијата на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и Здружението на судиите на Република Македонија, а во соработка со ИПА Проектот 2010 – „Понатамошна поддршка за независно, одговорно, стручно и ефикасно судство и унапредување на пробациската служба и алтернативните мерки“.

На презентацијата најавено е присуство на судии и јавни обвинители од сите апелациски подрачја и претставници на Адвокатска комора на Република Македонија.

Воведни обраќања на презентацијата ќе имаат директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Анета Арнаудовска, членот на Управен одбор на Здружението на судии на РМ и судија на Врховен суд на РМ, Шпенд Деваја и адвокатот и главен правен експерт на ИПА 2010 проектот за „Понатамошна поддршка за независно, одговорно, стручно и ефикасно судство и промоција на условната казна и алтернативните мерки“, Јордан Апостолски.

Излагања поврзани со темата ќе имаат директорката на Академијата, Анета Арнаудовска, судијата на Врховниот суд на РМ, Шпенд Деваја, судијата од Врховниот суд на Хрватска, Ѓуро Сеса и судијата од Врховниот суд на Словенија, Нина Бетето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Саити: Не сметам дека имаме неквалитетни одлуки, но сигурно недовербата нешто детектира во однос на нашето работење

Агелер: Притисоците врз судската власт мора да престанат, судиите мора да бидат ослободени

Орце Костов

ГРЕКО бара испитување на имотот на пратеници и судии, како и правила за подароци за обвинителите

Орце Костов

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Ние сме мала земја со многу јавни тајни и малку разрешници, кажа Грковска на дебата за Законот за конфискација