Промоција на книгата „Поглед кон внатре“ од Стево Пендаровски

Од:

Во кино „Култура“ денеска ќе биде промовирана книгата „Поглед кон внатре“ од проф. д-р Стево Пендаровски.

Книгата содржи 127 текстови, објавувани во две печатени изданија, дневниот весник „Дневник“ и неделникот „Граѓански“, во периодот 2009-2013 година.

Промотори се Луан Старова, Александар Поповски и Иван Додовски.

-Многупати помислував да ги испечатам текстовите како едно лично сведоштво за тоа време, но постојано се убедував дека во ерата на информатичката револуција и социјалните мрежи, најголемиот дел од моите согледувања се сигурно прегазени од динамиката на меѓународната политика, а особено од настаните внатре, кај нас, кои се без преседан во нашиот пост-комунизам. Одлуката, сепак, да ја објавам оваа книга беше двојно мотивирана: прво, во споменатите години бев дел од иницијалното јадро на опозиционото движење, кое започна да го оспорува авторитарниот режим во настанување, и второ, како потсетник за генерациите што доаѓаат дека општествените феномени и девијации за кои пишувам (се разбира, не само јас), сѐ уште никаде во светот не се дефинитивно разрешени и архивирани, вели Пендаровски во предговорот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски

Пендаровски во Чешиново-Облешево: Немаме нови години за губење, треба што поскоро да станеме земја членка на ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Пендаровски: Колку вреди зборот на човек кој е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат!

(ВИДЕО) Пендаровски: На 24 април заокружете број еден за стабилност во следните уште пет години

Горан Наумовски