Променливо облачно време со пораст на дневните температури

Од:

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла и ниска облачност.

Дневната температура од денеска се очекува на повеќе места да биде за 3 до 5 степени повисока.

Врнежи од дожд се најавени во четврток, пообилни за време на претстојниот викенд.

Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините, а преку ден ќе биде променливо облачно, на планините со услови за појава на слаб краткотраен дожд што ќе преминува во слаб снег.

Попладне се очекува да има сончеви периоди и да дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната од 6 до 12 степени.

Според синоптичарите, во Скопје наутро ќе има со услови за магла, а преку ден ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, особено попладне и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура се очекува да се спушти до 2, а максималната да достигне до 12 степени.

Би можело да ве интересира

Времето денес: Претпладне сончево, попладне променливо облачно и ветровито

Денеска облачно со услови за утринска магла

Денеска променливо облачно време со сончеви периоди

Денеска сончево време со умерена облачност

Денеска променливо облачно со сончеви периоди, од утре ќе има заладување со нови пообилни врнежи

Горан Наумовски

Денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд