Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Ќе дува умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за повремен слаб дожд.

Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 20 степени.

УХМР соопшти дека до крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

-Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 60 километри на час).

Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 60 литри на квадратен метар).

И во Скопје до крајот на седмицата времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

-Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер, прогнозира УХМР.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно со повремен дожд

УХМР најавува обилни локални врнежи и снег на повисоките места

Горан Наумовски

Променливо облачно и топло, можен слаб дожд

Денеска променливо облачно со локален дожд, а на планините снег

Денеска облачно, кон крајот на денот дожд и снег

Дожд и снег наизменично, температурите продолжуваат да паѓаат