Променливо облачно, со магла по одделни котлини

Од:

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно со појава на магла.

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 6 степени.

До петок ќе се задржи стабилно време со слаб, наместа умерен јужен ветер.

По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и таму температурите ќе се задржат пониски.

Во останатите места ќе биде релативно топло, особено на планините каде ќе има постепено топење на снежната покривка.

Во петок попладне и за време на викендот ќе има повремени врнежи кои најпрво ќе бидат од дожд, а поради спуштање на постудена воздушна маса со северен ветер постепено ќе преминуваат во снег.

Би можело да ве интересира

Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди, свежи утра и високи дневни температури

Денеска сончево со мала до умерена облачност, температура до 20 степени

Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Денеска облачно и релативно топло, со локални врнежи од дожд

Горан Наумовски

Денеска ќе е променливо облачно, температурата до 19 степени

Денеска променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд