Пролонгирано продолжението на „Траекторија“

Од:

Почетокот на денешното рочиште за предметот „Траекторија“ што беше закажан за 10:30 часот, е одложен за 11:45 часот поради обврски на адвокатот Димитар Дангов.

Судијата Горан Бошевски кажа дека Дангов како бранител на пратеникот Љупчо Димовски треба да оди на рочиште во Врховен суд каде денеска ќе се разгледуваат жалбите за притворите на обвинети за насилствата во Собранието на 27 април лани.

Во предметот „Траекторија“ на СЈО обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Сите обвинети дојдоа на денешното рочиште на кое треба да бидат разгледани материјалните докази.

Претседателот на судечкиот совет Горан Бошевски на почетокот на минатото рочиште го одби како неоснован предлогот на одбраната СМС-пораките да бидат отфрлени како докази во постапката, бидејќи тие не можат да се ценат во оваа фаза, како и барањето аудиоснимките и вештачењата да не се користат во постапката како материјални докази поради неможноста да се потврди нивната автентичност.

Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Тие пред Судот се изјаснија дека го разбрале обвинителниот акт и предлог, но оти не се чувствуваат за виновни.

Според СЈО со противправното дејствување на обвинетите кинеската компанија „Синохидро“ се стекнала со имотно-правна корист од 155.117.256 евра, а износот на штета претставува разлика меѓу износот на цена што како држава ја плаќаме на „Синохидро“ и цената што оваа компанија им ја плаќа на подизведувачите.

Адвокатите во своите воведни говори рекоа дека ќе покажат оти со околностите и податоците со кои располагале обвинетите при носење на одлуките не е направено противзаконско дејствие.

Би можело да ве интересира

Груевски, Јанакески и Пешевски нема да одговараат за „Траекторија“

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска