Пролетна акција за чистење во Куманово

Од:

Во организација на Јавното претпријатие “Чистота и Зеленило”, во Kумановско почна пролетната акција за чистење на градот. Предвидено е да се исчистат дваесет локации и диви депонии во оклината на градот. Оваа активност, претпријатието ја спроведува, надвор од предвидената програма. Во акцијата освен, екипи од надлежното претпријатие вклучени се и граѓаните и невладините организации.

– Освен, чистење машинско и рачно на наши екипи и на граѓаните, акцијата опфаќа садење листопадни и зимзелени дрвца и трева на оголените површини, а воедно се кастрат и гранките, вели директорот на ЈП “Чистота и зеленило” Сашо Петрушевски и додава дека со куќните совети се договараат за понатамошно заедничко оддржување на оплеменетите површини.

Надлежните се надеваат дека ќе проработи свеста кај граѓаните и дека еднаш исчистените локации нема повторно да се користат за фрлање смет и дека хигиената во градот ќе се одржи на потребното ниво.

Акциите се реализираат за време на викендите и во координација со куќните совети од стаnбените единици во речиси сите наслеби од градот.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане