Програма или желба за фотелји, консолидација или суети на Конгресот на СДСМ?

Од:

Социјалдемократите на 2. јуни ќе го одржат 14. конгрес на кој ќе се обидат да го трасираат новиот пат и да се консолидираат по неколкуте последователни изборни порази.

Ќе треба да го избере и човекот кој ќе го направи резот и неопходните реформи. 705 делегати, ќе бираат меѓу Зоран Заев, Зоран Јовановски, Игор Ивановски и Кире Наумов. Ова се досега познатите тркачи за челната позиција. Време за пријави има, а има најави за поддршка на нови ликови.

Дали и Црвенковски, кој разочаран бидејќи не доби поддршка од сопартијците за бојкот на локалните избори, и кој јасно кажал дека нема да биде кандидат и нема да прифати кандидатура, ќе „омекне“ по барањето и собирањето потписи од членството за негово останување на кормилото на СДСМ?

Црвенковски го води СДСМ од април 1991 година, па со прекин поради претседателската функција до денес, што не е мал период.

За собирите за поддршка на Црвенковски, Зоран Заев изјави: „Станува збор за емотивен момент. Нивното однесување е сосема разбирливо, но сега мора сите заедно да се свртиме кон иднината“, вели Заев, кој прв јавно ја обелодени кандидатурата. Зад Заев застана Радмила Шеќеринска, а зад Зоран Јовановски, Гордан Георгиев и Ана Павлова-Данева. Залагањата на сите, во овој прв круг од маратонот се слични: Единство, цврстина, зрелост, доверба, сите имаат визија како да го направат СДСМ посилен и ќе го победат Груевски.

„Ќе покажеме зрелост, трезвеност, големина и достоинство прво внатре во партијата ако сакаме тоа да го пласираме надвор пред цела Македонија. Многу е рано да зборувам кои се сериозни фаворити или не. Навистина ги почитувам сите мои сопартијци и знам дека тоа треба да биде многу внимателно и на достоинствен начин финиширано некаде на 3. јуни“, вели Зоран Заев.

„Работам на концепт што ќе ја врати довербата и надежта внатре во СДСМ, но и кај нашите изгубени и неопределени гласачи, за СДСМ како партија која ќе реализира долгорочни победи и позитивни промени во државата“, вели Игор Ивановски.

„Имам концепт со кој може СДСМ да стане реална и прифатлива политичка алтернатива за сегашната власт. Имам визија како да ја вратиме надежта кај работниците, осиромашените, невработените, маргинализираните групи, сите чија основна желба е да живеат достоинствено од својот труд“, вети Кире Наумов.

„СДСМ има шанса да тргне по патека по која не одел досега. Притоа, мојата цел не е само да станам претседател на партијата. Јас сакам преку длабоки и темелни реформи да направам победнички СДСМ, СДСМ кој ќе ги победи Никола Груевски и неговиот начин на владеење и ќе ја направи Македонија слободна, модерна и просперитетна“, рече Зоран Јовановски.

Колку СДСМ ќе успее од Конгресот да излезе поединствена, или суетите и желбите за фотеља, како во многу партии, ќе преовладаат, ќе се знае веќе на 2. јуни.

Подготви: А1он

Би можело да ве интересира

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки