Прогласени најдобриот пожарникар и полицаец во Куманово

Од:

Полицискиот службеник Ѕвонко Деспотовски од СВР Куманово и пожарникарот Стефан Крстевски од Територијалната проитвпожарна единица Куманово се прогласени за најдобрите полицаец и пожарникар во Куманово.

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски организираше свечен прием во општината и им подари часовници. Двајцата се предложени од нивните институции и претпоставени како вработени кои доследно ги извшувале задачите.

Димитриевски им честиташе за успешната година, посакувајќи им здравје, среќа и успех, нагласувајќи дека овие институции придонесуваат за безбедноста во градот. Тој информираше дека наредната година ќе се обезбедат нови униформи за пожарникарите.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане