Профил на Зоран Заев: Урна режим во гандиевски стил, ќе ја промени ли Македонија?

Од:

Малкумина му даваа шанса или пак немаа визија дека Зоран Заев ќе го урне режимот. Дури и елитистичкото лоби во неговата партија го гледаше од горе, се потсмеваа на неговата амбиција, прогнозирајќи дека ќе изгори по патот по кој тргнал. Не веруваа дека некој може да го замени Бранко Црвенковски. Неговата достапност и поинаков стил на комуникација беа непознати и за дел од членството, тоа беше често и злоупотребувано. Долго му се забележуваше дека е наивен. Како никој политичaр до сега неговиот телефон беше отворен за сите.

Зоран Заев сепак е синоним за храброст, кога ретко кој ја имаше. Го клекна на колена режимот во еден гандиевски стил за кој многумина од поддржувачите исто не го разбираа и бараа брзи чекори. Но Заев не избрза и не згреши, во спротивно ќе беше лесен плен за власта на Никола Груевски.

Тој е еден од ретките што се осмели јавно да зборува за криминалот на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, во време кога никој не смееше ниту тивко да ги спомене нивните имиња, кога медиумската, судската и полициската машинерија беше во рацете на политичкиот противник.

Тоа му донесе серија закани, од себе направи мета, но не се предаде. Зоран Заев долги ноќи по објавување на “бомбите“ спиеше во партиското седиште на Бихаќка, зошто го советуваа дека е премногу ризично да патува до Струмица и назад.

Заев ја искуси суровоста на власта на своја кожа. Во 2008 година беше притворен и осомничен за криминал за изградбата на трговскиот центар Глобал во Струмица. Случајот никогаш не стигна во судница бидејќи тогашниот претседател Бранко Црвенковски ги аболираше сите петмина осомничени. Заев подоцна доби награда за најдобри практики од Советот на Европа за првото јавно-приватно партнерство во Република Македонија за Глобал.

Допрва следува најголемото искушение за Зоран Заев. Дали како нов премиер ќе попушти пред апетити на партиското членство или ќе истрае во намерата да создаде правна држава, ослободена од партиските стеги, без криминали и корупција? Ова е клучното прашање од кое зависи дали тој ќе изгори и пред да почне да владее или пак ќе испише нова страница во македонската историја.

Ако се гледа наназад, тој има шанси. Како анонимен бизнисмен влезе во политиката во 2005 година, кога на изненадување на сите во првиот круг победи во вмровскиот бастион-Струмица. Успешно му ја чуваше фотељата во СДСМ на Бранко Црвенковски до неговото враќање во партијата. Важеше за еден од најверните луѓе на Црвенковски, и малку кој веруваше дека ќе му се спротивстави во 2013 година и ќе застане на ставот дека треба да се учествува на локалните избори. На историскиот Конгрес, неговите приврзаници беа побројни од бранковистите и тој остана на лидерската позиција.

По објавувањето на првата бомба, Заев беше таргет на обвинителството на Марко Зврлевски. Беше обвинуван за “Пуч“ и “Поткуп“, а подоцна, откако СЈО објави дека ги сомничи Никола Груевски и уште неколку челници на ВМРО-ДПМНЕ за изборни измами, обвинителството на Зврлевски покрена иста таква постапка против Зоран Заев и челниците на СДСМ.

Зоран Заев е на потег. Не смее повеќе да дозволи никој да владее на начин како сите досегашни власти. Ниту тој. Простор за грешка, нема.

Би можело да ве интересира

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов