Професорката Мирјана Најчевска на листата на ДИК на „сомнителни“ гласачи

Од:

По објавувањето на спискот на ДИК на спорни гласачи, кои самите треба да се пријават и регистрираат, професорката Мирјана Најчевска, експерт за човекови права, се нашла во списокот и е револтирана што по 35 години гласање на истото избрачко место, како што напиша на својот фејсбук профил, треба повторно да се регистрира за да не биде на спискот на „сомнителните“ гласачи.

„После сите вкрстувања што ги направила ДИК, со сите бази на податоци и теренското испитување, моето име се уште се наоѓа на списокот на оние за кои не се знае дали постојат или не. Тоа значи дека јас после 35 години гласање на едно исто гласачко место, со регистрирано постојано живеалиште на иста улица и на ист број над 35 години, со работен стаж на исто место со над 35 години, со пасош и лична карта, со пријави до УЈП и платен данок, треба да се вуцарам и да се пријавувам во некоја подрачна единица?

ДИК е составена од банда идиоти (од прв до последен без разлика на пол, верска или национална и партиска припадност) кои или не знаат да читаат па не им е јасно како да го употребат Правилникот, или немаат врска со мозокот, а камоли со работата, или пак намерно се изживуваат што го подведувам под вознемирување и барам соодветно да бидат казнети.

Во секој случај, јас немам намера да одам и да докажувам дека постојам и немам намера да гласам во држава во која заштитата на моето право е во рацете на една ваква банда идиоти.“, пишува Најчевска на својот фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања