Професионалните војници на крајот на ангажманот со можност да добијат 1.000 евра за секоја година минат труд

Од:

Професионалните војници со навршени 45 години ќе добијат можност да одлучат или да продолжат со работа во некоја од државните институции или пак да искористат т.н. испратнина со финансиски средства од 1.000 евра за секоја година помината во службата на Армијата. Средтсвата ќе бидат исплатени на сите нив од Министерството за одбрана.

Тоа значи ако некој професионален војник работел 15 години, тогаш тој ќе добие 15 илјади евра. Ако работел меѓу 20 и 25 години во Армијата, ќе добијат финансиска опремнина меѓу 20 и 25 илјаади евра.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес-конференција посочи дека за оваа можност вчера Владата даде зелено светло на седницата и таа очекува многу брзо и Собранието да ги одобри ваквите измени на Законот за служба во Армијата.

– Веќе имаме согласнот да додадеме уште еден квалитет на професијата професонален војник. Денес уште еднаш покажуваме дека услвоите за работа во Армијата не се наша грижа од време на време, туку секој ден и постојано. Дека постојано ја подмладуваме Армијата, но не забораваме да се грижиме и за оние кои што ја граделе, ја градат, целата своја кариера ја минале во Армијата. На крајот на својот ангажман во Армијата, доколку не продолжат со работа во државните органи, да добијат еден финансиски пакет кој ќе им даде шанса понатаму, рече министерката.

Таа додаде дека овој предлог дошол од репрезентативниот Синдикат, но и како иницијатива од самите војници.

За остварување на ова право, таа посочи дека професионалните војници ќе треба да поднесат писмено барање кое треба да биде доставено до 30 јуни во годината кога ќе наполнат 44 години, со што ќе се даде шанса на Министерство да ги испланираат овие средства во буџетот и да може да ги исплати во зависнот од тоа колку војници ќе се одлучат за една, а колку за друга опција.

Претседателот на репрезентативниот Синдикат во одбраната, Ванчо Исајов се заблагодари за постигната согласнот и рече дека Синдикатот дава поддршка на ова ново законско решение.

Тој се надева дека во најкраток временски рок решението ќе биде изгласано во Законодавниот дом и тоа ќе почне што побрзо да се применува.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори