Професионална ориентација – Клучни фактори при изборот на факултет

Од:

Клучна дилема со која средношколците се соочуваат по завршувањето на средното образование е што и каде понатаму? Професионалната надградба е еден од значајните животни предизвици. Оттука, изборот на факултет обично е поврзан со две клучни прашања: Што можам најдобро да направам за својата иднина? и „Кој е вистинскиот избор за мојот факултет?“

Одговорот на овие исклучителни важни прашања треба да се најде во нашите способности, кои се збир на нашите внатрешни и природни таленти, нашето досегашно искуство и достигнувања и на тоа што силно го посакуваме.

Психолошкото тестирање на природните и внатрешните способности и таленти, кои силно го одредуваат начинот на кој пристапуваме и решаваме проблеми и нашиот вроден стил на размислување и расудување, ни помага полесно да ги одвоиме важните од ирелевантните фактори при изборот на факултет.

Во согласност со променетите потреби на современиот пазар на труд, се променија и очекувањата од факултетот. Со оглед на големата динамика на варијабилност на современиот свет на работа, очигледно е дека универзитетското образование не може да обезбеди готови решенија за проблемите со кои ќе се сретнете во текот на долгиот работен век. Но, она што може да ви обезбеди е поставување на добра основа за дефинирање на проблемот, како и знаење на кои начини можете да одите во потрага по решение.

Универзитетското образование ќе ви ги развие вештините за наоѓање квалитетни извори на информации, оценување на нивната вредност и извлекување заклучоци.

При изборот на идна професија, повеќето студенти не се запознаени кои професии или занимања се најплатени, ниту пак имаат податоци за тоа кои професии се дефицитарни или се премногу на македонскиот пазар. Ваквата состојба придонесува за неспојливост на образовниот систем со состојбите на пазарот, произведувајќи ги оние кадри кои веќе ги има премногу, а така доведувајќи ги илјадниците дипломирани студенти во состојба на невработеност по дипломирањето.

Како еден од подобрите во нашата земја, Американскиот универзитет на Европа – ФОН, во континуитет ги следи светските трендови, а акцентот го става на професии за различни интереси, истовремено гарантирајќи им светла иднина на студентите.

За да постигнете успешна кариера, АУЕ-ФОН нуди:

  • Квалитетни студиски програми за образование на основни академски студии во согласност со вашите интереси преку акредитирани студиски програми;
  • Можност за примена на стекнатото знаење во текот на студирањето во најуспешните домашни и странски компании преку организирана и задолжителна студентска пракса;
  • „Еразмус“ програма, во траење од еден или два семестри на некој од странските универзитети;
  • Вклучување во работата на студентските организации и учество во бројни воннаставни активности кои развиваат креативност, снаодливост, натпреварувачки и претприемачки дух, способност за тимска работа и други квалитети неопходни за успешни деловни луѓе;
  • „Work and study“ програма за практична обука која им овозможува на студентите да стекнат практично искуство и директна соработка со различни индустрии и реномирани компании.

На факултетите кои се дел од АУЕ-ФОН ќе се стекнете со вештините за презентирање и добро аргументирање на сопствените идеи, како и тимската работа, а тоа се клучни вештини во деловниот свет.

Изложеноста на современите трендови и можностите за примена на знаењата за време на студиите се уште еден важен аспект на студирањето. АУЕ-ФОН нуди можност да стапите во контакт со претставници од различни компании и да се испробате во некоја област, а со тоа ќе може да се запознаете себеси, своите можности и способности. Тие исто така ве насочуваат кон сегментите на знаења и вештини кои треба да ги подобрете, со цел да се премости јазот помеѓу студиите и светот на работата.

Од исклучителна важност за вашите време на вашите студии, е да имате добар однос со професорите. Наставниот кадар на АУЕ-ФОН е секогаш достапен за студентите, па така ќе имате одговор на секое поставено прашање, во било кое време.

Професионалниот пат станува се пофлексибилен, така што изборот на факултет повеќе не ве одредува цврсто како порано. Затоа, обидете се да гледате на тој избор повеќе со возбуда од започнување ново истражување, отколку со страв дека ќе направите непоправлива грешка.

Преку достапната линија за консултации на АУЕ-ФОН,  може да ги дознаете сите информации поврзани со факултетите кои се дел од универзитетот.

Нека вашето ново поглавје биде АУЕ-ФОН !

https://fon.edu.mk/?ln=mk

ПР Текст

Би можело да ве интересира

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

(ВИДЕО) Филиповска за канцерот: 50 отсто бев излечена во Истанбул, 50 отсто ме излечија во Македонија

А1он

АУЕ – ФОН и ThriveDx со прва генерација експерти за сајбер безбедност во Македонија

Државната матура да се реформира и адаптира на образованието на иднината, но приемниот испит на факултетите е неопходен за валозирање на квалитетот и нивото на знаење на ученикот

Професор Емеритус Нано Ружин добитник на наградата Гоце Делчев за 2023 година

Катерина Ѓуровски

Со 84 рози и 12 бели гулаби АУЕ – ФОН ја одбележа годишнината од смртта на основоположникот на модерната турска држава, Кемал Ататурк

Ана Ололовска