Проевски: Ресен тоне во сиромаштија

Од:

Општината Ресен е општина со најнеискористени потенцијали во Република Македонија. Не само локалната власт, туку и централната власт, целосно го има заборавено Ресен и немаат ништо преземено за да се искористат потенцијалите на општината, рече Јордан Проевски, кандидат за градоначалник на Општина Ресен.

Ресен, рече, во овој момент е оставен да пропаѓа, инвестирано е малку, а толку многу беше ветувано. Градот тоне во сиромаштија, не се инвестира и во најдоходовното и најкарактеристичното за ова поднебје, од што живеат многу семејства, овоштарството. Откупниот центар за јаболка, остана уште еден нереализиран сон а туризмот е целосно запоставен. Но, јас и мојата партија сме тука за да го корегираме сето тоа и секако да инвестираме и да вложиме онаму каде што треба, сè во интерес на ресенчани.

Провески вети дека со поддршката од граѓаните, заеднички ќе го направат Ресен пристојно место за живеење. Вети изградба на толку неопходната брана на Курбинска река, која треба да го реши проблемот со наводнувањето на земјоделските површини и вода за пиење, решавање на уличното осветлување градските сообраќајници и поврзувањето на градот со околната.

Преку инвестиции во инфраструктурата, ќе се подобрат условите за туристички бизнис, како и заштита, реставрација и промоција на историското културно наследсво, со што ќе се врати Преспа на мапата на туристички дестинации.

Ги покани ресенчани и жителите на околните места, да се охрабрат, да го кренат својот глас и да дојдат на утрешниот митинг во Ресен со почеток во 20 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус