Проектот за граѓанско учество на УСАИД ќе ги објави добитниците на 26 грантови

Од:

Проектот за граѓанско учество (ПГУ) на УСАИД денеска ќе ги објави добитниците на 26 грантови чија цел е да ја зајакне поврзаноста помеѓу граѓаните и владата преку поддржување на конструктивна и позитивна вклученост на граѓанските организации и алијансите, и младите во дискусиии за јавни политики, обезбедување јавни услуги и развој на заедницата.

Вкупниот износ на 26-те грантови кои ќе бидат промовирани изнесува над милион американски долари.

На настанот ќе се обрати претставникот на УСАИД во Македонија Дејвид Атбери и ќе биде прикажано видео со краток опис на организациите, нивните цели и активности. Видеото е подготвено од самите грантисти и составено од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

По завршување на презентацијата, присутните ќе имаат можност да дознаат повеќе за овој проект на УСАИД и неговите грантисти преку неколку тематски катчиња. Ќе биде дистрибуиран и Календар за планирани отворени повици за грантови.

Настанот е дел од Недела на граѓански организации поддржана од Проектот за граѓанско учество на УСАИД – серија од настани кои ја промовираат работата на граѓанските организации пред пошироката јавност.

Би можело да ве интересира

Нема докази дека Хамас ја краде хуманитарната помош во Газа, соопшти USAID

ВМРО-ДПМНЕ: Владата презема конкретни чекори за подобрување на економската состојба на граѓаните

Дефинитивно крај за УСАИД: „Готово е, благодарение на претседателот Трамп“

Сијарто: Неприфатливо е ЕУ да финансира проекти кои досега беа финансирани од УСАИД

Сијарто му се заблагодарува на Трамп што ги замрзна средствата на УСАИД

На работниците на УСАИД им e наредено да се уништат доверливите документи и персоналните досиеја