Проекти и предлози за подобрување на квалитетот на воздухот

Од:

Резултати од твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на европското законодавство во областа на квалитетот на воздухот“ ќе бидат презентирани денеска.

На настанот се најавени обраќања на министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, евроамбасадорот Самуел Жбогар и претставник од Министерството за надворешни работи на Финска, аташе Анти-Веико Каутонен.

Проектот се спроведуваше од мај 2015 година.

Со мерките кои вчера МЖСПП и ги предложи на Владата за намалување на загадувањето се предлага воведување сообраќаен режим пар-непар, односно предлог за измена на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Владата да ги задолжи сите државни и јавни институции. Им препорача на локалните самоуправи за 50 отсто да го намалат користењето на службените возила.

Би можело да ве интересира

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто