Проект „Зошто сум јас во болница“ за надминување на стресот кај децата од престојот во болница

Од:

„Зошто сум во болница“ е наслов на книгата, која од денеска ќе почне да им се дели на сите деца хоспитализирани во Детската клиника, а која треба да помогне за надминување на психолошките проблеми на детeто предизвикани од стресот од престојот во болницата и терапијата.

Станува збор за проект инициран од Италијанскиот мулти-информативен центар во Скопје, од Детската клиника при Клиничкиот центар и финансиски поддржан од Амбасадата на Швајцарија, а по примерот на праксата во италијанските педијатриски болници каде се аплицира веќе пет години и е задолжителна, а вклучува и ангажман на деца, односно лица волонтери за работа со децата.

Директорката на клиниката Аспазија Софијанова посочи оти станува збор за пракса, која се применува секаде во светот, а од денеска и на нивната клиника.

– Децата кои што ќе доаѓаат во болниците ќе се дружат со децата кои се лекуваат за да им помогнат да не се плашат од белите мантили. Едноствано да можат да сфатат дека и ова е дел од нивната приказна која мора да ја надминат, да им го олесниме тој чин за кој тие не се ни свесни кога доаѓаат во болница, рече Софијанова.

Марианџела Бјанкофјоре од Италијанскиот мулти-информативен центар истакна дека книгата во Италија му се дава на детето од моментот на влегување во болница и таа останува со него до крајот на третманот. Според неа, за проектот не се потребни значајни финансии, но бенефитите од него се многу големи и потврдени кај децата пациенти. Книгата, која е преведена на македонски, албански и на турски јазик, содржи и евалуација за престојот во болницата, што треба да помогне да се утврдат недостатоците и да се интервенира тие да се отстранат.

Проектот е поддржан и од Црвениот крст на Македонија, за што спроведена е обука на 30 нивни членови. Предвидено е дневно десетина волонтери од хуманитарната организација по еден час да поминуваат со децата во болницата.

Со првиот грант од швајцарската Амбасада отпечатени се 600 примероци од книгата, но се очекува да се обезбеди поддршка и од Министерството за здравство и други спонзорства заради одржливост на проектот.в

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните