Проект за вклучување на жените од етнички заедници на пазарот на трудот

Од:

Зголемување на пристапот на жените од немнозинските етнички заедници на пазарот на трудот, преку зајакнување на нивните капацитети, има за цел проектот „Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот“.

Проектот ќе трае 18 месеци и е финансиран од Европската Унија преку буџетската линија ИПА за развој на човечки ресурси со 210.000 евра. Тој е имплементиран од CARE Германија/Луксембург e.V. и Женската граѓанска иницијатива АНТИКО.

Во рамки на проектот ќе бидат спроведени обуки за 250 жени од Скопје, Куманово, Штип, Битола и Тетово, за нивна професионална ориентација и зголемување на нивното знаење и капацитети, со цел тие да станат поконкурентни на пазарот на трудот. За 30. најуспешни проектот ќе понуди професионална пракса во соработка со локалните работодавачи.

Проектот е наменет за жени на возраст од 20 до 40 години со минимум завршено основно образование, а предвидува и спроведување креативни работилници за згрижување на децата, додека нивните мајки учествуваат на обуките.

Би можело да ве интересира

Неготинец остана без 77.500 денари, бил жртва на вешт измамник

Претепани две жени – тројца мажи им влегле со дрва и шипки во дворот, се заканувале со убиство и при апсењето

(ВИДЕО) Го убив мажот, ме тепаше – A1он со жените зад решетки

Жена и девојка се истепале во здравствен дом во Ѓорче Петров

Истражување: Ковид-19 кризата двојно го зголеми бројот на жени зависни од државна помош

Онлајн предавање „Чекори во процесот на јавното застапување“

Ана Ололовска