Проект за јакнење на младинските совети и вклучување на младите

Од:

Подобрување на младинското учество во демократскиот живот преку подобрување на функцијата и улогата на веќе постоечките совети на млади има за цел проектот „Учество на младите во процесот на донесување на одлуки“, на Коалиција на младински организации СЕГА и Агенција за млади и спорт.

Како што информираат од Сега, проектот се спроведува во Кавадарци, Штип, Свети Николе, Теарце, Радовиш, Струмица, Неготино, Гази Баба, Скопје и Прилеп, со поддршка од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата Еразмус+.

Извршниот директор на СЕГА Зоран Илиевски рече дека активностите и дискусиите треба да дадат јасни препораки за тоа како да се зголеми младинското учество преку зајакнување на функцијата на Советите на млади.

– Вклучувањето на сите засегнати во структурен дијалог ја покажува нашата вистинска желба и потреба да се унапреди овој процес во кој сите релевантни страни ќе дадат свој активен придонес, изјави Илиевски.

Коалицијата на младински организации СЕГА ја сочинуваат 21 членка и е формирана во 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите.

Би можело да ве интересира

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

Орце Костов

Младите во Македонија го напуштаат домот на своите родители нa 32,1 години

Горан Наумовски

Секое второ 15-годишно девојче во Mакедонија е тажно и се чувствува безнадежно, секое трето е осамено – анализа на СЗО

Половина од младите од 13 до 15 години велат дека знаат делумно да располагаат со парите

Млади инвоатори ќе ја претставуваат Македонија на глобалниот младински предизвик Generation unlimited – Технологија за планетата 2022

Ковачевски: Со младите креираме политики за развој на државата

А1он