Проект за јакнење на капацитетите на државната администрација за инклузија на Ромите

Од:

Јакнење на капацитетите на државната администрација на национално и на локално ниво за поуспешна поддршка на локалните процеси на интеграција и инклузија на Ромите, Ромите бегалци и внатрешно раселени лица има за цел проектот „Локална интеграција на бегалците, внатрешно раселените лица и малцинските групи”.

Во рамки на проектот од денеска до петок, во општините Чаир и Шуто Оризари во Скопје, Тетово, Гостивар и Штип ќе се одржат отворени денови, директни средби помеѓу локалното ромско население со претставници на институции и организации од Македонија.

Проектот, како што информираат, од јануари 2016 адресира некои од клучните причини за социјална исклученост на Ромите, Ромите бегалци и внатрешно раселени лица, вклучувајќи ја и невработеноста и финансиската несигурност, истовремено развивајќи ги капацитетите на сите партнери вклучени во проектот за подобрување на процесите на инклузија на Ромите.

На локално ниво во сите целни општини, се воспоставени локални координативни тела со цел соодветен развој и следење на локални акциски планови за инклузија на Ромите во областите од интерес на општината, а во координација со стратешките цели утврдени во националната Стратегија за Ромите 2014-2020 и Националните акциони планови за Ромите 2016-2020 во обласите на вработување, домување, здравство, образование и инклузија на жената Ромка.

Проектот ги опфаќа општините Берово, Битола, Виница, Гостивар, Делчево, Кочани, Куманово, Прилеп, Тетово, Чаир, Штип и Шуто Оризари, а го имплементира Министерството за труд и социјална политика во соработка со ЕПТИСА во конзорциум со CARE, Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС и Ромскиот образовен фонд, поддржан од Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

A1on

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

A1on