Проект на „Порака Наша“ за безбедно користење на интернет на лицата со попреченост

Од:

„Биди безбеден“ е насловен проектот кој го спроведува здружението, Регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша‘’ од Куманово со цел заштита на лицата со попреченост од злоупотреба на социјалните мрежи.

„Порака Наша“ е партнер во проектот „Едукативна подршка на лицата со интелектуална попреченост кои биле подложни на интернет криминал и злоупотреба“ а носител е полската асоцијација за лица со интелектуална попреченост (ПСОНИ).

Други партнери во проектот се Инклузија Европа, Инклузија Република Чешка, Политехничкиот институт од Сантарем, Португалија.

– Секако, постои ризик за сите, па и за нив, да станат жртви на интернет насилство. Проектот ќе овозможи лицата со попреченост безбедно да ги користат социјалните мрежи. Дополнително, ќе биде изработен дигитален водич за полицијата, кој ќе им помогне во комуникација со лицата со интелектуална попреченост, на пример, во случај тој/таа да сака да покрене обвинение, изјави Фросина Симоновска од „Порака Наша“.

Во рамки на проектот планирани се состаноци со партнер организациите во сите земји учеснички и други активности. Прв чекор во реализирање на проектните активности ќе биде собирање на студии на случаи од страна на сите партнер организации кои ќе приберат реални животни примери од ситуации во кои лицата со интелектуална попреченост станале жртви на интернет насилство.

Овие студии на случаи ќе бидат основа за развивање на тренинг материјали, кои ќе бидат реализирани во текот на проектот и ќе бидат остварени како проектни цели.

Исто така, за потребите на лицата со интелектуална попреченост ќе бидат изработени и верзии во лесно разбирлива форма, кои ќе им бидат достапни и ќе им бидат од помош на самите лица при справување во слични ситуации. Проектот е финансиран од Ерасмус+, Програма за образование на возрасни, КА2 Акција – Стратешко партнерство.

Би можело да ве интересира

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

A1on

Владата ја усвои Новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ: Се загуби 70-годишната траекторија во образовниот процес на лицата со попреченост

МТСП: Лицата со попреченост заслужуваат подеднакво можности за развој, затоа оваа Влада континуирано инвестира и во социјалната заштита

Влада: Започнува процесот за креирање на нова Национална стратегија на лицата со попреченост

А1он

Тренчевска: Преку соработката со граѓанските организации обезбедувaме поддршка за сите граѓани​

А1он