Повредени 15 полицајци, се уште тензично на грчко-македонската граница

Од:

Се уште е тензична состојбата на македонско-грчката граница каде утрово околу 10:30 часот, организирани групи бегалци од Идомени се обидоа илегално да ја поминат границата на три различни места на потегот од граничниот камен 59 кон селото Моин, но беа спречени во тоа.

Во интервенцијаат на нашите безбедносни сили за спречување на бегалците во нивните намери повредени се 15 полициски службеници од кои пет се здобиле со потешки повреди и се задржани на лекување во Медицинскиот центар во Гевгелија.

– Има вкупно 15 повредени полициски службеници, оштететни се и повеќе од три полициски возила – пинцови, како и штитови од камењата, дрва и шишиња со кои бегалците фрлале кон полицијата. Веќе е зголемен бројот на полициските сили и се работи на расчистување на состојбата која трае, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод