Продолжуваат работите околу изградба на филтер-станица за прочистување на водата во Гостивар

Од:

Како што информираше министерот за животна средина, Абдулаќим Адеми, за време на денешната посета во општината, половина од работите во селото Здуње се веќе завршени, а кон крајот на годината,откако ќе биде инсталиранa дел од потребната опрема, се очекува прочистителната станица да биде пуштена во употреба.

„Доколу сите активности се одвиваат според зацртаната динамика, проектот  за кратко време ќе биде реализиран како што е предвидено и граѓаните на Гостивар конечно ќе имаат чиста и квалитетна вода за пиење”, изјави Адеми.

Тој го информираше гостиварскиот градоначалник, Невзат Бејт,а и за предвидените проекти околу ревитализацијата на градската водоводна мрежа и изградба на резервоар, кој ќе биде поврзан со филтер-станицата.

Со тоа, како што најави, ќе бидат заокружен целиот проект, кој изнесува околу 4 милиони евра, средства што ќе бидат обезбедени од  буџетот на Република Македонија и финансиски донации од Швајцарија.

За време на средбата се разговараше и за интегрираното управување со отпадот, односно за изградба на регионална депонија за целиот Полошки регион.

„Се работи за најсовремена технологијаи ова е можеби прв ваков проект во Македонија, затоа што се работи за рециклирање на отпад и во мали количини негово депонирање, приближно околу 5 отсто од целиот отпад. Тука сме во завршна фаза и заедно со градоначалниците од Полог наскоро ќе треба да одлучиме која компанија ќе управува со депонијата”, додаде министерот.

Денешната средба на министерот за животна средина, Абдулаќим Адеми, и градоначалникот Невзат Бејта, е прва по одржувањето на последните локални избори.

Г.М.

Би можело да ве интересира

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Почината жена пронајдена пред семејната куќа во Гостивар

ВИДЕО: 46-годишник од Скопје е жртвата во страотната сообраќајка кај Колари

Газда на гостиварски угостителски објект фатен со кокаин и марихуана

Катерина Ѓуровски

Жители на Баница ќе постават шатори за одбрана на нивите од „Бехтел и Енка“ ако Владата не ги викне на средба

А1он

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он