Продолжуваат истражувањата на кралската гробница во прилепско Бонче

Од:

Кралската гробница од античкиот археолошки локалите во Бонче во Прилепско има континуитет на некрополи од речиси 2500 години, констатираат археолозите кои деновиве ги продолжуваат истражувањата на локалитетот.

– Локалитетот се истражува 15-тина години. Според гробницата, знаеме дека тука е погребан, со сите почести, голем пелагонски великодостојник, вели професор доктор Антонио Јакимоски од Институтот за археологија при Филозофскиот факултет во Скопје.

Археолозите сѐ уште немаат потврда дека тоа е главниот град на македонските Пелагонци, но со сигурност се знае, вели Јакимоски, дека тука има континуитет на некрополи и во средниот век, па речиси цели два и пол милениума.

– Ни треба сигурна потврда за главниот град на македонските антички Пелагонци. Ова е 15-та година како истражуваме на овој локалитет/ Имаме регистрирано над 20 локалитети, има голем град, но без натпис не може да кажеме дека со сигурност е ова Пелагонија. Претпоставуваме дека станува збор за античкиот град Пелагонија кој бил главен град на четвртата македонска америда по поделбата на римската власт, вели Јакимоски.

Во 2006 година се пронајдени трите парадни штитови на војниците од војската на македонскиот крал Деметриј. Има и многу монети од тоа време, но без поконкретни натписи.

– Според наодите, имаме многу индиции, но ни недостига моментот на потврдатата дека ова е главниот град на македонските Пелагонци, вели Јакимоски.

Се претпоставува дека античкиот град во Бонче се протегал на 15-тина хектареи и имал 15 до 20 илјади жители, со 20-тина некрополи. Но, тоа сѐ уште е во зоната на докажувањата.

За да се заштити овој локалитет и да биде туристички атрактивен, според Јакимоски, не треба многу.

– Треба да има пристапност, доволно е истражено, треба да се заштити и сметам, дека заслужува голема туристичка атрактивност, вели Јакимоски.

Инаку, уште во 1936 година оваа гробница и локалитетот се внесени во археолошката литература. Станува збор за македонски тип на гробници и ги има 70-ина низ теритоеијата каде живееле античките Македонци. Но, гробницата во Бонче е оставена на забот на времето.

– Освен археолошки, нема конзерваторски истражувања. Не е направено ништо освен што ние ја промовираме во научниот свет во Германија и во Англија и во повеќе светски метропли. Таа е позната во науката. Нема опасност дека нешто ќе се случи, но неопходна е конзервација. Инаку, од раната антика, можеби ова е еден од најубавите објекте, вели Јакимоски.

Бонче, освен како гробница, е познато и како свето место, нагласува Јакимоски, и во хелинистичкиот антички период, но и во средниот век.

– Значи, оваа гробница има континуитет од 1500 години, а до денеска и до 2400 години, нагласува Јакиноски.

Инаку, за истражувањата секоја година средствата се различни. Оваа година се определени 250.000 денари. Според археолозите тоа е среќна околност. Лани средствата биле 150.000 денари. Според стручњаците, станува збор повеќе за ентузијазам.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска