Продолжува сведочењето на Богдановиќ за „шамарите во Центар“

Од:

Судењето за случајот „Насилство во Центар“ продолжува со изјави на повиканите сведоци од страна на обвинителството. На денешното рочиште со сведочење ќе продолжи актуелниот градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ, кој за време на нападите во Општината бил присутен во својство на в.д. директор на ЈП „Паркинзи на општина Центар“.

Богдановиќ претходно нападите на толпата граѓани во Општина Центар, кои се случија за време на седницата што се одржа на 7 и 10 јуни 2013 година, на чија точка на дневен ред беа ДУП-овите со кои беше засегната црквата „Св. Константин и Елена“, ги спореди со оние што подоцна се случија на 24 декември пред Собранието при гласањето на буџетот на Владата и 27 април минатата година при насилниот упад на граѓаните во парламентот.

Тој на 7 и 10 јуни 2013 година бил во просториите на Општината, каде што заседавал Советот, во функција на в.д. директор на јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“, бидејќи една од петнаесетте точки на дневниот ред биле поврзана со претпријатието.

Во овој случај обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.

Тие се товарат за поттикнување насилство, кое се случи за време на протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on