Продолжува судскиoт процес за „Поткуп“

Од:

Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да продолжи судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој лидерот на СДСМ Зоран Заев е обвинет за барање и примање поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев. Рочиштето беше одложено на 23 јануари откако одбраната побара изземање на обвинителот од случајот.

Адвокатите на Заев на 23 јануари го оспорија застапувањето на јавниот обвинител Владимир Милошевски, а откако него го замени обвинителот Златко Биковски го оспорија и неговото застапување.

Според одбраната на Заев, на Милошовски му е истечен шестмесечниот мандат во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Приложија одлука на Советот на јавни обвинители објавена во Службен весник, а според која Милошевски бил привремено распореден во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и за корупција на 1 јуни 2016 година до 30 ноември, кога му истекол мандатот.

Одложено беше и претходното рочиште по барање на Заев кога исто така одбраната побара обвинителот Милошевски да биде изземен, наводно, поради тоа што тој бил под истрага на Специјалното јавно обвинителство.

Според обвинението во случајот „Поткуп“, Заев се товари дека во својство на службено лице, како градоначалник на Струмица, од бизнисменот Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Истрага: Фехми Стафа барал 100.000 евра за поткуп на судија за укинување притвор на лице во бегство

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен