Во кривичниот суд денеска продолжува рочиштето за предмет „Труст“, во кој првообвинет е бизнисменот и сопственик на телевизијата „Нова“, Сеад Кочан, а обвинети се и Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ.
Судот треба да сослуша вешто лице предложено од Специјалното јавно обвинителство.
На минатото рочиште вкрстено беше испрашуван вештакот Дејан Грковски. Тој рече дека побарал да направи увид во постројките на „Трансмет“ и да утврди дали соодветствуваат со постројките што биле наведени во документацијата, но можност за таков увид не добил.
Обвинетите со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра, тврди СЈО. Предметот, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста, кои треба да бидат репродуцирани во судницата.