• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Продолжува судењето за „Титаник“

by А1он12/08/2019 - 09:4112/08/2019 - 09:42561
Share0

По едномесечната летна судска ферија, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.

Добивај вести на вибер

Последното рочиште за овој предмет на 5 јули беше одложено поради неприсуство Миле јанакиески, кој е еден од обвинетите.

Освен Јанакиески, во Титаник обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, Кирил Божиновски, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат материјални докази предложени од СЈО. Станува збор за околу 5.900 материјални докази, како барања за издавање лични карти, изјави за ополномоштени лица, извадоци од сметки, потврди и други документи и докази за злоупотреба на средства за финансирање на политичка кампања од 2013 година.

mile janakieskisudtitanik

Би можело да ве интересира

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он22/12/2025 - 15:27

(ВИДЕО) СДСМ: ДПМНЕ да каже каква е поврзаноста на фирмата од денешната бомба со Миле Јанакиески?

Горан Наумовски17/12/2025 - 16:0117/12/2025 - 18:33

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Горан Наумовски31/10/2025 - 12:01

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

Горан Наумовски18/09/2025 - 10:22

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Горан Наумовски29/08/2025 - 14:42

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Горан Наумовски19/06/2025 - 14:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен